Број на текстови објавени денес: 65

Јо-јо ефектот го зголемува ризикот од појава на кардиоваскуларни заболувања

jojo

Брзото губење на килограмите и потоа нивно враќање, односно таканаречениот „јо-јо ефект“, не само што трудот да се намали телесната тежина го прави залуден, туку и лошо влијае на здравјето.

Имено, новото истражување на Американското здружение на кардиолози покажало дека јо-јо ефектот може да го зголеми ризикот од смрт при срцевите болести кај старите жени со нормална телесна тежина.

Научниците напоменуваат дека се неоходни дополнителни истражувања со цел да се потврди ужасната последична врска меѓу наглите варирања на тежината и ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Она што можеме да го направиме за да го намалиме ризикот од кардиоваскуларните заболувања е да го регулираме крвниот притисок, да го држиме под контрола нивото на холестерол, да го намалиме конзумирањето на шеќер, да јадеме разновидна храна, да ја одржуваме здрава телесна тежина и да бидеме физички активни.

Пушењето е исто така важен фактор за ризик од срцеви заболувања.