Број на текстови објавени денес: 11

Јоханис: Обединувањето на Романија со Молдавија е можно

romania-klaus-johannis1

Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека обединувањето со Република Молдавија е можно, но не во блиска иднина, пренесе Аџерпрес.

– Обединувањето со Бесарабија е можно, но истовремено не сметам дека е можно во блиска иднина, изјави шефот на државата за време на дебатата организирани од Универзитетска библиотека на Букурешт.

Тој подвлече дека треба да се исполнат три услови за спроведување на обединувањето со Република Молдавија.

-Тоа да го сакаат Романците, тоа да го сакаат луѓето во Молдавија, и освен тоа ниту Романија, ниту Молдавија да немаат спорови на својата сопствена територија под меѓународна јурисдикција.

Тој забележа дека доколку се исполнат овие услови, „многу веројатно е ваквиот процес да почне и да биде проследен со успех“.

– Без минималните услови, меѓутоа, останува само убавата желба, но не и политички проект, дополни претседателот Јоханис.