Број на текстови објавени денес: 70

Јосифовски купува акции во „Макпетрол“за да ја зацврсти својата позиција?!

%d1%98%d0%be%d1%81%d0%b8%d1%84%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8

Андреја Јосифовски, претседателот на управниот одбор на „Макпетрол“ купи 140 акции во изминативе 30 дена во компанијата што ја преводи, објави „Макпетрол“ на интернет страницата на Македонска берза.

Покрај Јосифовски, како што соопшти компанијата и Саша Лекиќ, член на Управниот одбор, купил 50 акции.

Според информациите од берзата вчера во блок трансакција вредна 1,3 милиони денари, се продадени 53 акции на „Макпетрол“.

Цената на акциите изнесуваше 25.333 денари за акција.

Минатата недела имаше шест транскации со акциите на компанијата во кои беа продадени околу 450 акции вредни повеќе од 10 милиони денари.

Истовремено, податоците на берзата покауваат дека последните мецеси странски субјекти ги продаваат акциите од „Макпетрол“.

Така, во август  странските инвеститори во основната главнина на друштвото учествуваше со 5,85 отсто. Претходно учествовот на странските инвеститори во капиталот изнесуваше 6,94 проценти.