Број на текстови објавени денес: 0

ЈОВАН МИТРЕСКИ-Кога го поднесувавме амандманот за колекторот во Радожда и Враништа гласаа против,немало пари за Струга имало за кичерај!

15095692_1152654168104891_1938281294808124342_n

Кога го поднесувавме амандманот за колекторот во Радожда и Враништа гласаа против. Немало пари. Гласаа за фонтаната на плоштад во Скопје која чини 2.5 милиони евра. За тоа имаше пари.
Кога баравме пари за затворениот базен во Струга, тие беа против. Немало пари. Гласаа за трите врби во Вардар кои чинеа 317 илјади евра. За тоа имаше пари.
Кога баравме пари за детска градинка гласаа против. Немало пари. Гласаа за градска плажа во Вардар која чини 380 илјади евра. Кога граѓаните на Мислешево, Ложани, Мороишта, Враништа, Драслајца, Мали Влај, Подгорци, Октиси, Лабуништа и сите други бараа решавање на ОСНОВНИ животни проблеми, водоводи, канализации, пречистителни станици, детски игралишта, асфалтирање на патчиња не ги слушаа. Поважни им беа двете фонтани во Вардар кои чинат 831 илјади евра, Летниковецот кој чини 352 илјади евра, Рингишпилот од 162 илјади евра, скулптурата Колонада од 1.4 милиони евра…
Ги препишале сите амандмани за Струга, ама ги згрешиле износите. Базенот по проект чини околу 300 илјади евра, а напишале 1 милион евра. Од спортисти планираат да крадат.
#Реално нема повеќе да им дозволиме!