Број на текстови објавени денес: 10

Јилдирим: Вонредната состојба во Турција ќе биде укината пред уставниот референдум

turcija-prem-jildirim

Вонредната состојба во Турција би можела да биде укината во текот на 2017 година, пред одржувањето на референдумот за новиот устав на земјата, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим за весникот „Хуриет“.

Јилдирим во изјавата воедно ги деманираше информациите дека турските власти ќе ја укинат вонредната состојба на почетокот на 2017 година.

– Според мое мислење, вонредната состојба ќе биде укината пред да се одржи референдумот, со цел да се оневозможат обвинувањата дека гласањето е спроведено во услови на вонредна состојба, нагласи Јилдирим.

Како што јави ТАСС, во Турција во тек е расправа за тоа дали властите можат да организираат избори или референдум, додека во сила е вонредната состојба.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во саботата најави дека вонредната состојба, чија важност истекува во јануари, би можела да биде продолжена за уште три месеци, што би значело најмалку до април 2017 година.

Вонредната состојба во Турција беше во воведена по неуспешниот обид за воен преврат во јули годинава. Согласно ингеренциите што ги добиваат во услови на вонредна состојба, турските власти од работа отпуштија околу 75.000 државни службеници и вработени во безбедносните сили, а над 37.000 лица беа упасени. Покрај ова, беа затворени уште стотици невладини организации и медиуми.