Број на текстови објавени денес: 70

Ја преболе Ријана: Дрејк е лудо вљубен во Тејлор Свифт

drejk2

Музичарот се обидува нејзиното внимание да го привлече така што и купува подароци за нејзините мачки Оливија и Мередит што пејачката ги обожува.  „Многу му е драга и ја заведува купувајќи подароци на нејзините мачки, велат пријателите на пејачот Дрејк. Вљубен е во пејачката Тејлор Свифт, која ги обожува своите мачки. Тоа е негов начин да и каже дека постојано мисли на неа, велат пријателите и напоменуваат дека на тој начин се обидува да ја преболи Ријана.

Музичарот за мачките купил дизајнерска торбичка во која тие ќе може да патуваат со Тејлор. Минатиот месец на прославата на нејзиниот роденден, Дрејк и пејачката делуваа многу блиски. Не се бакнуваа, но постојано беа прегрнати, велат сведоци.