Број на текстови објавени денес: 0

Јапонците за два дена ја поправија огромната дупка којашто ја проголта улицата ФОТО

japonija-ulica-dupka

Дупката којашто пред една недела се отвори среде фреквентната улица во јапонскиот град Фукуока, широка речиси 30 метри во радиус, целосно е санирана по само два дена.

Санирањето подразбирало поправка на канализациските цевки и подземните кабли и водоводи, полнење на дупките со песок и цемент и, конечно, покривање на површините со асфалт.

Јапонските служби работеле деноноќно од 9 ноември и ја завршиле работата до 11 ноември, но пуштањето во оптек на сообраќајницата било одложено за уште неколку денови поради безбедносните проверки.

Рано утринава улицата е отворена за пешаците, а подоцна ќе биде и за моторниот сообраќај, откако геолозите и инженерите дале зелено светло и утврдиле дека улицата е безбедна за користиење.

Дупката веднаш по отворањето во раните утрински часови на 8 ноември почна да се полни со вода и да се шири, па од првобитните димензии од 20 на 20 метри пораснала на 30 со 27 метри. Освен тоа, била 15 метри длабока, пишува „Гардијан“.

Градежните работници наредните денови ја наполниле со 6.200 кубни метри песок и цемент.