Број на текстови објавени денес: 49

Јанева: Никогаш не сум била член на СДСМ

download779

Јас никогаш ниту сум била член на политичката партија СДСМ, ниту пак, сум извршила уплата за наводна верификација на членство на оваа политичка партија, истакна денеска преку соопштение специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, откако некои медиуми објавија наводна членска книшка и уплатница за верификација на членство, на кои беше испишано името и презимето Катица Јанева.

„Се работи за невистинити документи. Апелира медиумите, пред да објават вести во кои се повикуваат на наводни документи, да ја проверат веродостојноста на документите на кои се повикуваат од субјектите посочени како нивни издавачи, а во насока на правилно и точно информирање на јавноста“, извести СЈО.

Специјалното обвинителство побара од надлежните органи да ја испитаат злоупотребата на личните податоци на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, со оглед на тоа што, како што нагласува во соопштението, во изминатиот период ваквата злоупотреба се повторува.