Број на текстови објавени денес: 60

Јакуповиќ: Никола Груевски и Ердоган Сарач ги спојува фамилијата

ei1

Интегрално го објавуваме обраќањето до јавноста на Един Јакуповиќ од ДНЕТ:

„Добро утро граду мој, добро утро татковино мила, добро утро другари и другарки, борци и соборци за демократија.
На овој убав ден како млад човек имам должност и обврска да ви се заблагодарам вам пријатели соборци кои 10 години рамо до рамо ја биете битката за слобода и подобра иднина за мене и за моите другари.
Во името на членството на ДНЕТ би сакал да ви се заблагодарам на дадената поддршка во борбата за враќање на живот во Македонија.
Во изминатите 10 години народот беше репресиран, уценуван, малтретиран. Дел од тој народ сум и јас, а во изминатите 10 дена едноставно не можам да го опишам притисокот на режимот на лицето Ердоган Сарач.
Ние членството на ДНЕТ помеѓу достоинството и печатот за лични интереси го одбираме достоинството и правдата во Република Македонија, за нас Турците, традицијата културата и моралот ни претставуваат нераскинлив елемент од нашиот живот, затоа едногласно велиме ДНЕТ останува во коалиција со СДСМ и целиот опозициски фронт и целосно се оградува од личните потези на лицето Ердоган Сарач!
Кој ја продаде душата на режимот!
Ти се обраќам лично Ердоган! Одважи се и немој да се криеш под параванот на режимот и излези да си го видиш членството кое не те поддржува.
Од тука јас како дел од членството не можам а да не се заблагодарам јавно на поддршката на извршниот одбор и целото членство на ДНЕТ….
Ердоган додека тебе те исфрлаа од Собранието твоите денешни коалициски партнери, нас не тепаа надвор пред Собранието!  Каде исчезнаа твоите заложби за враќање на демократските принципи и начела во државата? Ти беше тој кој велеше 24.12.2012.год.(црниот понеделник) се случи најголемиот удар врз човекот! Толку ли е безвредна твојата чест и морал! Другари јас знам што ги спојува Никола Груевски и Ердоган Сарач, нив ги спојува фамилијата!
Гордо ве уверувам дека ние членството на ДНЕТ го победивме режимот на Ердоган Сарач и фамилијата! Затоа ве повикувам сите граѓани на Република Македонија. Сите Турци членови и симпатизери на ДНЕТ, СДСМ и на целиот опозициски фронт. Ајде сите заедно да се сплотиме и на 11 декември да го поразиме режимот на Никола Груевски и фамилијата!
Победуваме!
Слободата доаѓа, режимот ќе падне! Нека ни е вечна татковината!
Смрт на фашизмот, слобода на народот!“, порача Јакуповиќ.