Број на текстови објавени денес: 0

Јавна опомена на Шпенд Халили за судир на интереси

%d0%b4%d0%ba%d1%81%d0%ba4

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска искажа јавна опомена за лицето Шпенд Халили поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси.

Халили покрај функцијата член на Управен одбор на ЈП „Градски паркинг“ Тетово ја извршуваше и функцијата управител на Трговското друштво „ДПГТ ЈОНИ АЛШ ДООЕЛ“ експорт-импорт од Шипковица, Тетово, соопшти ДКСК.

„Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршување на функцијата управител на Трговското друштво ДПГТ – ЈОНИ АЛШ ДООЕЛ експорт-импорт с. Шипковица, Тетово со што ќе ја отстрани повредата на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси. Шпенд Халили не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му изрече мерка јавна опомена“, соопшти Антикорупциската комисија.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.