Број на текстови објавени денес: 62

Ѕвездата на Барецелона, фудбалерот Нејмар започнува актерска кариера

neymar-sing

Бразилецот Нејмар де Силва Сантос, започнува актернска кариера. Тој е врвен фудбалер, добро пее а сега и ќе глуми. Потврдено е дека Нејмар ќе настапува во третото продолжение на филмот „Враќањето на Ксандер“, и ќе игра покрај ѕвездата Вин Дизел.

Нeјмар веќе се појави во најавата за филмот каде што се гледа дека го работи она што најдобро го знае- да дрибла, но со мобилен телефон. Бразилецот, потоа и самиот на социјалните мрежи го потврди својот актерски ангажман:
„Од секогаш сум сакал да глумам и да почувствувам како му е на актерот во филмот. Но не можев ни да сонувам дека ќе настапувам покрај некоја ѕвезда како Вин Дизел или Семјуел Џексон“, објавил Нејмар.

Бразилецот, освен што е еден од најдобрите фудбалери на светот, претходно покажа и талент за пеење. За декември го најави излегувањето на неговиот прв албум на кој ќе пее на португалски јазик, докажувајќи така дека не е талентиран само за фудбал.