Број на текстови објавени денес: 65

Шулц и се закани на Турција со економски мерки за апсењата на опозиционери

download769

Претседателот на Европскиот Парламент, Матин Шулц, изјави дека ЕУ може да преземе ограничувачки економски мерки против Турција по апсењата на новинари и политичари од опозицијата, пренесе ТАСС.

– Ние треба да размислиме кон какви економски мерки да прибегнеме. До крајот на годината Царинската унија, чија членка е и Турција, најверојатно ќе биде реформирана – рече Шулц во денеска објавеното интервју за весникот „Билд ам зонтаг“.

Според претседателот на ЕП, Анкара ќе ја мине црвената линија доколку повторно ја воведе смртната казна. Во таков случај преговорите за членство на Турција во ЕУ ќе бидат прекинати, подвлече Шулц.

Истовремено, тој изрази надеж дека нема да се дојде до таква екстремна одлука, забележувајќи дека доколку ЕУ ги прекине односите со Турција веќе нема да има можност да и помага на опозицијата и на лицата што се затворени.

– Затоа јас, како и претходно, сум за дијалог – рече Шулц.