Број на текстови објавени денес: 60

Што се случува со Ѓоковиќ: Наместо тренер ангажирал духовен гуру или „водач на секта“!ФОТО

dokovic-i-imaz

Првиот тенисер на светот во Париз на Мастерс 1000 турнирот пристигнал без двајцата тренери, Вајда и Бекер, но го донесол Шпанецот Пепе Имаз кој проповеда љубов и мир,

Првиот тенисер на светот Новаќ Ѓоковиќ во Париз пристигнал без двајцата тренери, долгогодишниот Марјан Вајда и Борис Бекер со кои стигна до речиси апсолутна доминација во последните две сезони.

Мошне необично кога се знае дека Ѓоковиќ во Берисј го брани статусот на најдобар на светот пред налетот на расположениот Енди Мареј. Мареј ги освои последните три турнири (Пекинг, Шангај, Виена) со што предноста на Ѓоковиќ, која уште летоска изгледаше недостижна, се симна на само 415 бодови.

Ѓоковиќ во Париз, сепак, не е е сам, и тоа е што ги зачуди љубопитливите новинари, кои во неговиот „корнер“ го открија Пепе Имаз, духовниот гуру кој ја проповеда филозифијата „Amor y Paz“, односно љубов и мир.

Станува збор за поранешен шпански тенисер, денес 42-годишник, кој во најдобрите негови тенисерски денови стаса до 167-мото место на ранг-листата. Но, тениското резиме не е она што силно го привлекол 29-годишниот Ѓоковиќ и го ставил под своето влијание. Имаз верува во медитацијата и силата на долгите прегратки, а во својот центар во Марбелја создал вистински култ (некој ќе рече секта) во кој се собираат неговите следбеници.

Таму, според британски Дејли мејл, Ѓоковиќ престојувал откако во 3-тото коло на вимблдон шокантно изгуби од . впрочем иние повештите можат да го пронајдат видеото, што го поставил Пепе Имаз, на кое се гледа сеансата во која учествуваат Новак Ѓоковиќ, неговиот помлад брат Марко и поранешната топ 10 играчка Даниела Хантучова. Минатата недела тоа видео беше отстрането, на него Новак зборува дека „сите ние есенцијално бараме љубов, среќа и склад“. Имаз до Новак стасал преку Марко, на кого пред две години му помогнал да ја победи депресијата во која паднал сфаќајќи дека никогаш нема да биде добар тенисер како постариот брат. „

– Дури по четири години можев да им кажам на мама, тато, браќата и пријателите дека ги сакам – објаснил Марко како 42-годишниот Имаз го излекувал.