Број на текстови објавени денес: 62

Штетно или не: Колку долго смееме да седиме со прекрстени нозе?

noge-sjedenje-sjedenje-s-prekrizenim-nogama

Здравствените стручњаци со години нè предупредуваат дека седењето со прекрстени нозе е штетно за здравјето, како за крвните садови така и за грбот, дека го поттикнува настанувањeто на целулит, но новото истражување дошло до заклучокот дека таа положба на седење е штетна единствено ако во неа седиме подолго од одреденото време.

Анализирајќи ги податоците на истражувањето коешто се занимава со пронаоѓање на причинителите на појавата на варикозните вени, оштетувањето на нервите и високиот крвен притисок, научниците дошле до заклучок дека седењето со прекрстени нозе не ги предизвикува тие здравствени проблеми, но само доколку не седите во таа положба подолго од одреденото време, односно додека нозете не ви отрпнат.

Имено, премногу долгото седење во која било положба може да предизвика затупување на нервите поради што исчезнува чувството во нозете.

Во врска со дилемата што тогаш ги предизвикува варикозните вени, стручњаците имаат поделени мислења – едни тврдат дека „виновникот“ најмногу лежи во генетиката, додека други велат дека предолгото седење со прекрстени нозе може да предизвика оштетување на вените.