Број на текстови објавени денес: 18

Штајнмаер: Германците не ја посакуваа победата на Трамп

germanija-shtajnmaer-f-2

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјави денеска дека победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД не е она што повеќето Германци го посакувале.

Тој оцени дека надворешната политика на Вашингтон повеќе нема да биде предвидлива, како што беше досега и потсети дека Трамп за време на кампањата изнел серија критики на сметка на Европа и Германија.

– Резултатите од изборите не смеат да се потценат, без оглед на тоа што не се поклопуваат со желбите на повеќето Германци. Но ние ќе ги прифатиме, рече Штајнмаер.