Број на текстови објавени денес: 0

Шолјата од кафе не мора да се мие секој ден

kafa

Доколку сте еден од оние мрзливи луѓе особено не сакаат да ја мијат шолјата од кафе за во неа да го сипаат свежо свареното кафе, стручњаците велат дека миењето на шолјата со сунѓер е, всушност, помалку хигиенско решение од едноставното плакнење под млаз вода.

Според извештајот што го пренел „Волстрит журнал“, миењето на шолјата по секое нејзино користење не е толку хигиенско решение, бидејќи добро е познато дека кујнските сунѓери се меѓу работите на кои се собира најголем број на бактерии.

Џефри Старк, стручњак за инфективни болести, истакнува дека шолјата која се користи има во себе микроорганизми, но дека тие не се главна закана.

– Кога го култивирам она што ќе го најдам во вообичаена шолја, секако дека ќе најдам бактерии и микроби. Сепак, запомнете дека повеќето од нив потекнуваат од личноста којашто ја користи шолјата – објаснува Старк.

 

Секако, ова правило важи за лицата кои не ја делат шолјата со некој друг.