Број на текстови објавени денес: 0

Шилегов: Тринаесетта плата за секое семејство (ВИДЕО)

img_6154

Денеска сме во Тетово, во прошетка и во средби со граѓаните на Тетово заедно, јас како носител на изборната единица 6 и пратеничката од листата за пратеници од изборната единица 6, да разговараме и да поразговараме со тетовчани за секојдневието, за мачниот живот што го имаат нашите граѓани, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

– Да поразговараме за солуциите што ние како СДСМ и здружена опозиција на претстојните избори на граѓаните во Македонија, на граѓаните во Тетово, ќе им ги понудиме. Кој што решенија се однесуваат најпрво кон намалување на невработеноста, мерки кои што ќе придонесат за стопирање на процесот на иселување на младите, бидејќи тоа е процес кој што младите наши ги прати на целото подрачје на нашата држава не само во Тетово и тетовско каде што сме денес.

Да зборуваме за начинот на кој што ќе го подобриме животот на оние луѓе коишто веќе се во работен однос, коишто имаат мали средства, мали плати. Да позборуваме за начинот на кој што СДСМ има намера да го направи животот на граѓаните поевтин, поедноставен, преку укинување на такси коишто се непотребни за плаќање, како што е радиодифузната такса на пример, намалување на сметките и тоа намалување на сметките на начин што на секоја платена сметка, како и на сите други производи ќе овозможиме на граѓаните поврат на паричните средства во висина од 15 % од платениот Данок на додадена вредност, на начин што ќе овозможиме секој еден наш граѓанин, секое едно наше семејство на крајот на секоја година да добива 13-та плата.

Да ги презентираме нашите мерки кај граѓаните коишто ќе придонесат, на крајот на мандатот на Владата што ќе ја состави СДСМ, да просечната плата изнесува 30.000 денари по вработен. Со двајца вработени по семејство, со намалување на невработеноста, со продуктивни работни места, не со фиктивни како што ни се нудат досега, ќе успееме да внесеме среќа во секое наше семејство со цел, конечна, да ги зачуваме младите и да обезбедиме живот во нашата држава онаков каков што заслужува секој наш граѓанин поединечно.

Неслучајно сме овде, неслучајно сме и на оваа локација, од овде сакаме да порачаме дека СДСМ заедно со граѓаните, и заради поддршката која што секојдневно ја добиваме од граѓаните, ќе изградиме општество на кое што нашите деца ќе бидат горди.

Дојдовме овде, пред овој паметник на револуцијата, да оддадеме почит на нашите татковци и дедовци, коишто ни оставија држава, со наша лична обврска, да со нашиот ангажман во еден поинаков модерен начин на војување таканаречено, на нашите деца, на нашите внуци им оставиме држава достојна за граѓаните на Република Македонија – нагласи Шилегов.