Број на текстови објавени денес: 18

Шилегов: На 11 декември ставаме крај на ненародното владеење на Груевски

%d0%bf%d1%881

Петре Шилегов, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 6, рече дека на 11 декември ќе се стави крај на ненародното владеење на Груевски.

– Денеска сме во Гостивар, да поразговараме со гостиварчани за проблемите што ги тиштат, за најголемите проблеми што ја тиштат и Македонија не само Гостивар и гостиварско. Тоа се невработеноста на младите и иселувањето на нашите млади сограѓани кој што за жал во вакви услови и со ваква власт не можат да ја видат својата иднина во Македонија. Ги започнавме нашите средби со најсензитивната јас би рекол и најманипулираната категорија на граѓани тоа се пензионерите,кој што упорно се лажат дека тоа е нешто што законски им следи тоа се всушност зголемувањето на пензиите тоа всушност станува збор противзаконски и владата тука нема избор. Секоја година мора да ги зголемува пензиите, меѓутоа и за стандардот на пензионерите и она што јас го разговарав со овие луѓе е како од статус на издржатели во нивните, на нивните семејства, што ги издржуваат семејствата со сопствените пензии, условно речено да станат издржувани лица, бидејќи нашата цел, нашата идеа е да ги вработиме младите, младите да останат тука во нашата држава – рече Шилегов.