Број на текстови објавени денес: 46

Шилегов: Животот на сите луѓе ќе биде достоинствен! (ВИДЕО)

%d1%81%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%b1%d0%b8-%d1%81%d0%be-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d1%93%d0%b0%d0%bd%d0%b8-%d0%b3%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d1%80-%d0%bf-2

Петре Шилегов носител на кандидатската листа во И.Е. 6, и портпарол на СДСМ денеска го посети Гостивар.

– Се движиме низ чаршијата и ги гледаме сите маки со кои живеат гостиварчани кои се еднакви и со кои живеат останатите граѓани од Македонија.Поразговаравме со дуќанџиите и сите се жалат на една иста работа, драконските големи казни. Ги образложивме нашите ставови околу тие казни, немањето на казна на првата опомена, и преполувањето на казните се ветувања коишто ги прави Социјалдемократскиот сојуз. Со луѓето разговараме за нивните секојдневни маки, тие маки се од таков тип и карактер што нивната концентрација е кон барање на нови работни места и зголемување на постојните плати – рече Шилегов.

 

Како Социјалдемократски сојуз на Македонија, додаде тој, кажавме дека во текот на четири годишниот мандат ќе продуктираме 64 илјади нови работни места и ќе ја зголемиме платата, нашата крајна цел е да го направиме животот во Македонија подобар, подостоинствен на начин што луѓето ќе ги почувствуваат благодетите на нашата економска програма на начин што луѓето ќе престанат да се делат по секој основ од економски, политички, па до меѓунационален со крајна цел да ги задржиме младите во Република Македонија.

– Гостивар е место каде што имаме повеќе од 36% помалку запишани ученици во училиштата во однос на 2006 година што значи дека преку 30.000 ученици заминале во изминатиов период тоа е процес којшто во Република Македонија мора да се стопира, тоа е процес којшто ги засега сите граѓани, тоа е процес од којшто оваа држава мора да излезе. Токму затоа, нашиот ангажман е да го направиме животот на сите луѓе подостоинствен за да останат во Македонија – рече Шилегов.