Број на текстови објавени денес: 65

Шилегов: Да го исчистиме Тетово од загаденост и од оваа власт!

zaevaerodrom8

Почитувани граѓани се наоѓаме во Тетово, во Македонија. И Тетово и Македонија согласно извештаите на сите релевантни светски куќи се најзагадените подрачја во Европа и во светот.

Тетово предначи по загаденоста во Македонија.

 

Очигледно е дека на оваа власт не и е важно здравјето на граѓаните. Единствено што им е важно е да ги полнат оф-шор сметките на нивните фирми.

Велеа дека ХЕГ Јегуновце е една од причините за загадувањето во Тетово. Го затворија, оставајќи на улица околу 720 вработени. А од компанијата се жалат дека токму оваа ненародна власт, немала ниту слух, ниту им пружила било каква можност да постават филтри на печките.

 

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија има план за заштита на здравјето на граѓаните од оваа еколошка катастрофа. Нудиме поволни кредити за сите фирми коишто ќе ги запазуваат европските стандарди за еколошкото здравје на граѓаните. Меѓу другото и за ХЕГ ЈЕгуновце предвидуваме, таков посебен третман, со цел, и да работи комбинатот и луѓето, и во исто време да не ја загадува околината во Тетово.

 

Ги повикуваме сите граѓани од Полог, масовно, утре во Гостивар во 17 : 30 минути, и овде во Тетово во 19 : 00 часот, да дојдат на митинзите на Социјалдемократскиот сојуз, заеднички, сите граѓани да и кажеме на оваа власт дека е готово, дека заминуваат!

 

Да го исчистиме воздухот во Тетово и тетовско! Да го исчистиме од загаденост! Да го исчистиме од оваа ненародна власт! Затоа што во Македонија мора да има живот!