Број на текстови објавени денес: 0

Шилегов: Груевски излажа, во Буџетот не постојат 33 милиони евра за здравството (ВИДЕО)!

%d1%88%d0%b8%d0%bb%d0%b5%d0%b3%d0%be%d0%b2-%d0%b7%d0%b4%d1%80%d0%b0%d0%b2%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be

Никола Груевски лаже, соочен со изборниот пораз, трча низ државата и ветува се и сешто без никаков основ. Денеска излажа дека ќе вложи 33 милиони евра за медицинска опрема и апарати во здравството, реагира СДСМ.

– Ова е извадок од Буџетот за 2017 година, истиот оној Буџет што власта го донесе пред распуштањето на Собранието. Во Буџетот на Р.Македонија не постои ставка од 33 милиони евра за медицинска опрема, туку ставка од само 4.5 милиони евра и тоа за три години, што ги предвидела Владата за здравството. И 4.5 милиони евра што треба да треба да ги предвидат самите установи. Тоа значи дека Никола Груевски лаже дека ќе има наводни инвестиции во здравството од 33 милиони евра- изјви портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Шилегов посочи и дека Никола Груевски излажал и кога најави 140 градинки за 25 милиони евра.

– Во истиот овој Буџет се предвидени само 1.290.000 евра за детски установи и тие исто така за наредите три години.Никола Груевски никогаш повеќе нема да владее во Македонија и повеќе ги нема трите години што ги најавува – посочи Шилегов.

Тој констатира и дека Никола Груевски е во паника бидејки не реши ниту еден проблем на граѓаните.
– Граѓаните се оставени да умираат по болниците поради лошиот здравствен систем што 10 години се темели само на тендери од коишто профитираат фамилијата и нејзините соработници – рече Шилегов.

Тој посочи дека за СДСМ здравјето на граѓаните е еден од врвните приоритети.
– Ќе обезбедиме современо, квалитетно и достапно јавно здравство за сите граѓани, со болничко лекување бесплатно за сите, со квалитетни лекови, кај добри лекари. На тоа се обврзуваме во Планот за живот во Македонија – рече Шилегов.