Број на текстови објавени денес: 65

Шилегов во Теарце: Луѓето овде не се делат, сакаат живот за сите (ВИДЕО)

shilegov_2511

Интегрално ја пренесуваме изјавата на Петре Шилегов, носител на кандидатска листа во ИЕ6 на коалицијата предводена од СДСМ. Шилегов денеска го посети Теарце.

 

– Теарце во 21 век нема канализација, овде во Полог зборуваме за основни животни потреби на луѓето којшто не се ниту ставени, во било каква реализација. Го имаме Влатко Ѓорчев, којшто шета овдека по селата и ветува некаквиси разно разни проекти, како да е градоначалник, меѓутоа, после 11 години владеење на ВМРО ДПМНЕ и на Никола Груевски, да се зборува дека допрва започнуваат, сега им текнало да започнуваат да ги решаваат проблемите на граѓаните, едноставно, во најмала рака ги вреѓаат сите жители на нашата држава, особено овде во Теарце.

Овде сме заедно во една општина којашто претставува симбиоза на заедничкото живеење, на општеството кое сакаме да го изградиме. Педесетина метри погоре од нас, една спроти друга се и црквата и џамијата, луѓето овде не се делат.

Ние го нудиме нашиот План за живот, младите деца да останат овде, да работат, ќе посетиме денеска некој од производствените погони, ќе разговараме со работниците за минималната плата што ја гарантира Социјалдемократскиот сојуз во првите три месеци од владеењето и како ќе стасаме до минимална плата од 16 илјади денари и просечна плата во износ од 30 илјади денари во Македонија – рече Шилегов