Број на текстови објавени денес: 9

Шекеринска: Исто ќе беше ако ги кандидиравме Обама и Меркел

sekerinsk1

Нашата голема цел е многу поважна од тоа кој каде е на листите. Има различни мислења но тоа не не загрижува, туку не прави задоволни, бидејќи нашата задаче е да промовирама мислечка и критичка политичка атмосфера а не тип на владеење, каде еден човек мисли и одлучува а сите аплаудираат“, е ставот на заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска во однос на бурните реакции во јавноста по објавувањето на пратеничките листи на опозициската коалиција.

Таа во синоќешната емисија „360 степени“ на Алсат-М, изјави дека забелешки за листите имало и во минатото, па дури и во 2014 кога партиското раководство на СДСМ реши да не биде на кандидатските листи.

– Не лажевме и не создававме впечаток кога велевме дека ова не е задача за секој од нас како кандидат за пратеник, туку ова е задача како граѓани на оваа држава, да се смени власта, да се смени системот – вели Шекеринска, коментирајќи дека провладините медиуми кои го диктираат критичкиот тон кон ова прашање, на истиот начин би реагирале дури ако СДСМ на изборите би ги кандидирале Обама и Меркел.

Во однос забелешките на учеството на ДОМ и на Лилјана Поповска во коалицијата, Шекеринска истакна дека и таа лично можела да и забележи за тоа што на 24 декември, кога била насилно исфрлена од собраниската сала, Поповска не и помогнала.

„Прва задача кога ќе влезете во политика е вашата суета па и личните впечатоци и агенди да ги оставите пред врата. Ние сакаме да испратиме порака дека секој што го напуштил режимот откако го видел неговото вистинско лице е добредојден. А, нејзината одлука да се повлече од листата е уште еден доказ дека во сето ова не сме влегле лично и за тоа колку водиме сметка дека политиката може да биде различна. Слично е и со Ферид Мухиќ со кого не се согласуваме по многу прашања, како и со ЛДП и со НСДП, но ние направивме широк фронт со една заедничка точка која сите нас не спојува- да падне криминалниот режим“, рече Шекеринска за „360 степени“.