Број на текстови објавени денес: 49

Шекеринска: Изборот на Трамп покажа дека волјата на народот не може да се заобиколи

radmila-sekerinska12

Не можам да кажам дека како жена не сум разочарана што во Белата куќа не влезе жена-претседател, но тоа е одраз на демократската волја на граѓаните, како што ќе биде на 11 декември во Македонија, изјави утрово заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, од хотелот „Александар палас“, каде што американската амбасада организираше следење на разултатите од гласањето.

– Резултатите покажаа дека и покрај големата медиумска поддршка и покрај сите предвидувања, волјата на граѓаните не може да се заобиколи – рече Шекеринска додавајќи дека се надева на промени и кај нас.