Број на текстови објавени денес: 70

Шекеринска: Заедништвото е поголемо од поделбите (ВИДЕО)

img_3423

Денеска сме во Струга и во струшко. И навистина не радува големата поддршка која ја добиваме и овде, во Лабуништа. Сите граѓани, низ цела Македонија, низ цела Изборна единица 5 ја праќаат истата порака. Дека сакаат општество во кое сите сме еднакви, во коешто државата е солидарна и хумана кон сите луѓе, и во коешто заедништвото е поголемо од поделбите. Видовме каде не носи политиката на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Поделби, омраза, кавги, додека тие многу сложно и многу братски си ги делат тендерите и бизнисите, рече Радмила Шекеринска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5.

– Ние ставаме точка на таквата политика. Ќе градиме држава во која секој е важен. Во која секој граѓанин на Република Македонија, без разлика на етничката, верска или политичка припадност, ќе ги ужива сите права и ќе има шанса да гради живот овде, во Македонија. И Лабуништа и струшко и цела Македонија, гледа како младите заминуваат од државата. Цели региони и цели села се прехрануваат со парите коишто ги добиваат од нашите иселеници.

Ние имаме план како да направиме животот да е подобар во Република Македонија. Имаме план со кој ќе ги поддржиме домашните претпријатија за да создаваат нови работни места, и за да обезбедуваат повисоки плати. На тој начин платите, стандардот ќе расте, на тој начин ќе растат и пензиите, и на тој начин и младите и возрасните ќе одлучат да останат овде а не да заминуваат. Имаме План за живот во Македонија, а по 11 декември заедно ќе го реализираме – рече Шекеринска.