Број на текстови објавени денес: 62

Шекеринска: Груевски понуди живот само за себе и за фамилијата (ВИДЕО)

dsc_4305

Младите во нашата држава не можеа да ги остварат соништата дома, бидејќи власта 10 години работеше само на лично и партиско богатење, затоа заминуваа низ белиот свет, таму формираа семејства, таму ги селеа своите семејства и таму создаваа шанси за пристоен живот, изјави денеска Радмила Шекеринска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ5, при посетата на Струга и Струшко.

– Ние имаме план за младите во Македонија. Имаме план за живот во Македонија. Тој план подразбира повеќе работни места и подобро платени работни места. Затоа во нашиот План за живот во Македонија предвидуваме минималната плата во нашата држава веднаш да ја покачиме на 12 илјади денари, на крајот на мандатот таа постепено ќе се зголемува, и ќе изнесува 16 илјади денари.
Паралелно со зголемувањето на минималната плата ќе ги зголемуваме платите и во здравството, и во образованието. Двојно ќе ги зголемиме платите на сите коишто работат во здравство и се дел од медицинскиот кадар, и лекарите и медицинските сестри и болничарите. На тој начин ќе ги задржиме да останат во јавното здравство на Република Македонија. Ниту еден наставник или професор кој работи во образованието нема да има плата пониска од просечната плата – рече Шекеринска.

Со серија на мерки со зголемување на минималната плата, со поддршка на домашните компании, со зголемувањето на платите во здравството, и во образованието СДСМ ветува дека ќе обезбеди просечната плата во Македонија да изнесува 30 илјади денари.

– На тој начин ќе го враќаме животот во Македонија, на тој начин ќе обезбедиме шанси за сите во Република Македонија. Груевски понуди живот само за себе, за својата фамилија, и за својата политичка партија. Со него нема напред за сите останати во нашата држава – додаде таа.