Број на текстови објавени денес: 0

Швајцарците се најбогати во светот, Британците го губат имотот

pari-vrv

Швајцарците се најбогатите луѓе во светот, со просечно богатство од 561.900 долари по возрасен жител, објави банката Кредит Свис во својот годишен извештај за богатството во светот, со што ја потврди водечката позиција на оваа земја 16-та година по ред..

Жителите на САД ја следат Швајцарија со имот во вредност од 344.700 долари по возрасен жител, по што следат Британците со просечен имот од 288.800 долари, наведува најголемата швајцарска банка во Цирих, во извештајот објавен денес.

Банката Кредит Свис утврдила дека со падот на фунтата, по британската одлука да ја напушти ЕУ, избришани се вкупно 1,5 милијарди долари од вкупната британска приватна сопственост.

Се проценува дека 33 милиони луѓе во светот имаат меѓу еден милиони и 50 милиони долари. Богатите Американци претставуваат 45 проценти од оваа група, а 30 отсто се Европејци.

На земјите од азиско-пацифистичкиот регион, без Индија и Кина, отпаѓаат18 отсто од богатите. Со 1,6 милиони милионери, комунистичка Кина е дом на пет отсто богаташи, пренесува Дневни аваз.

Во клубот на супербогатите, на оние кои имаат 50 и повеќе милиони долари, членуваат 140.900 луѓе. На прво место е САД каде што живеат 70.400, па следи Кина со 11.000, и Германија е трета со 6.100 супербогаташи.

Најсиромашните 20 насто од населението во светот, оние кои заработуваат до 248 долари, се проценува дека ги има една милијарда. Меѓу нив се и т.н. 44 отсто нето должници кои поседуваат помалку од 2.628 долари.

Констатирано е дека речиси една третина од најсиромашните жители живеат во азиските и африкански држави. Индија е на врвот на листата со 246 милиони сиромашни, па следи Кина со 72 милиони и Нигерија со 35 милиони луѓе.

Меѓу другите земји кои најмногу придонесуваат за таа категорија на сиромашни се Русија со 28 милиони, Украина со 25 милиони и САД со 21 милиони најсиромашни луѓе во светот.