Број на текстови објавени денес: 0

Шамарите во Центар ќе се објаснуваат на суд после избори

osnoven-sud-16

Адвокатското друштво Никола Додевски со писмен поднесок го извести Основниот суд Скопје 1 – Скопје дека адвокатот Никола Додевски бранител на М.Ј., второобвинет во предметот со К.бр 1904/16 во врска со настаните пред Општина Центар, за кој главната расправа е закажана за 21.11.2016 год. е спречен да присуствува на закажаната главна расправа бидејќи е организатор и ќе учествува на дводневна работилница за Имплеметација за Законот за одмерување на казни, организриана од Адвокатската комора на РM, Амбасадата на Соединетите Американски држави во Скопје и Бирото за меѓународна борба против наркотиците и спорведување на законите, кој настан бил закажан пред да ја добие поканата за закажаната главната расправа, соопшти судот.

Во прилог на поднесокот, адвокатот ја доставил агендата од настанот и бара главната расправа, поради спреченост да присуствува како бранител на второобвинетиот, да се презакаже согласно член 351 став 2 и 3 од ЗКП „Главната расправа може да ја одложи и по службена должност поради здравствени или други оправдани причини, а причините за одлагањето и образложението за нив се внесуваат во наредбата за одлагањето, односно записникот“.

Инаку, за закажаната главна расправа, преку соопштение на веб страната на судот, јавноста беше информирана уште на 29.09.2016 година кога беа испратени и поканите до странките, но со оглед на поднесокот на адвокатот Додевски, а имајќи ги предвид одредбите од член 351 ст.2 и 3 од ЗКП како и фактот дека за седмо и десеттообвинетиот, од 14 обвинети опфатени во предметот, се уште не е добиена повратница дека го примиле обвинителниот предлог и поканата, судечкиот судија кај кој беше распореден предметот, по службена должност, а со оглед на распоредот на претходно закажани расправи за други предмети, ја презакажа главната расправа за 16.12.2016 година, за што ги извести странките.