Број на текстови објавени денес: 10

Член на ЦДУ тврди дека Меркел планира повторно да се кандидира за канцелар

merkel-zamislena1

Германската канцеларка Ангела Меркел има намера да се кандидира за четврти мандат, изјави денеска членот на нејзината Христијанско демократската унија (ЦДУ), Норберт Ретген.

– Ќе се кандидира за функцијата канцелар, изјави тој за Си-Ен-Ен.

Ретген додаде дека Меркел „е апсолутно одлична и подготвена да придонесе за јакнење на меѓународниот либерален поредок“.

– Меркел е камен-темелник на политичкиот концепт на Западот, делувајќи како глобален играч, изјави Ретген.