Број на текстови објавени денес: 9

Четири години живеел со мртва мајка во стан во Загреб!

zagreb_1000x0

А. Н. (92) години од Загреб починала пред четири години во својот стан во загрепската Трешњевица, а нејзниот син (59), не само што не ја пријавил смртта, туку сите овие години ја држел мртвата мајка во затворена соба, пишува проталот „24сата.хр“.

Полицијата по испитувањето го уапсила неименуваниот маж и тој бил предаден на државното обвинителство со кривична пријава.

Тој се товара за кривично дело оставање на блиска личност во тешка положба и му се заканува казна затвор до три години. Исто така, осомничен e за кривично дело повреда на мирот на починатиот и за тоа му се заканува казна затвор до две години.

Tретото дело за коешто е осомничен е фалсификвани исправи, а му се закануваат уште пет години, ако се утврди дека тие исправи ги користел.

Неговите соседи се во целосен шок, откако дознале што се случувало во изминатите четири години во нивната зграда.

– Тука веројатно станува збор за подлабоко психопатолошко нарушување кое не било дијагностицирано ниту се манифестирало при неговото општествено функционирање – рекол познатиот хрватски психијатар и судски вештак Мијо Милас.