Број на текстови објавени денес: 49

Четиринаесетти старт за Моден викенд Скопје

moden-vikend-jovana1

Сезоната есен-зима 2016/2017 ја отвори ревијата на дизајнерката Јована Филиповиќ и нејзината колекција „The Great Beauty“, вчеравечер во „Скопје Мериот хотел“ кој е официјална локација на четиринаесеттиот Моден викенд Скопје.

„Новата колекција црпи инспирација од италијанското кинематографско достигнување „La Grande Belleza“ на Paolo Sorrentino. Приказна која поттикнува размислување за општеството во кое живееме, стремежите, потребите и заедничките вредности кои се резултат на
модерното живеење. Колекцијата е кохезија на модерните, хедонистички и декаденти трендови испреплетени со носталгија по времето на вистинската убавина и гламур.

– Едноставно пораката на колекцијата е „Во тренд но со вистинска доза на безвремеменост“ – порачува Јована Филиповиќ.

На првата модна вечер дебитираше „Papaz“ со колекцијата “Враќање на антихеројот” која е финансирана од страна на Министерството за култура на Република Македонија и „Securicom”, музиката на ревијата беше на Димитар Андоновски, а за високиот квалитет на рекламниот материјал се погрижија „Pixel print“.

„Совршениот лик за колекцијата е секоја несовршена личност која се спротиставува на толпата. Колекцијата се занимава со внатрешниот човечки изглед кој го трансформира и бескомпромисно го прикажува онаков каков што е, храбар, незапирлив, неуништлив. Да се освои толпата и да се продолжи заедно со неа е херојство, но храбро да и се заврти грбот е мисија на реткиот антихерој“, вели дизајнерот Андреј Папаз Ѓоргиевски.

Публиката ја виде и најновата колекција на уникатен накит од „Sigma Jewelry“ под името „Сите бои на есента“. Станува збор за форми накит мотивирани од силуетите на есенското сонце и златните овошја , нова генерација на дијамантско сечење со завршница со златна прашина за дополнителен сјаен ефект.

Првата вечер заврши со дебитантската ревија на Филип Тренчовски и „Birds of Pray“,експериментална женска колекција инспирирана од дивите птици грабливки , кои по пат на конструктивната техника мулаж и геометризација на птичјата форма се создадени
современи дизајнерски парчиња облека, со интересна композиција, оригиналност и мала скулптуралност која придонесува во“грабливоста”на секое човечко око да биде насочено кон нив.

Генерален покровител и официјална вода на настанот е минералната вода „Пелистерка“. Официјален партнер за шминка сезонава е „Gosh“, а за фризурите се погрижи „Lakme“ во соработка со : „Мој фризер Мими“, „Studio Sara beauty“ и Станче Кипријанов . Официјален дерма бјути партнер е „Vichy”. Официјално возило на настанот е „Porsche“. Нашето официјално вино – „Камник“. Парфемите кои ќе ја одбележат сезоната доаѓаат од „Bellina“. Официјална водка- „Absolut“. Сладок партнер – „Жито Лукс“. Манекенките ги носат чевлите од „Баргала“. “Не е важно колку години имате – туку како ги носите. Шведски бренд со напредни перформанси за нега на кожа – NovAge by Oriflame”. „Istanbuldantel“ –партнер кој го носинајдобриот текстил кај нас.

Моден викенд Скопје продолжува вечерва со ревиите на студентите кои се под менторство на дизајнерката Лидија Георгиева од „Институтот за дизајн и инжењеринг на облека“ на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје, на Дејан Тодоровиќ со колекцијата “Look@me”, „Elezi Paris“ и Олгица Ѓоргиева која ќе ја претстави колекцијата „Touch of my soul”.

Јована Филиповиќ

„Папаз“

„Сигма“

Филип Тренчовски