Број на текстови објавени денес: 86

Четворица повредени во четири сообраќајки

images604

Четворица повреде во четири сообраќајки е епилогот  од невнимателното возење во изминативе 24 часа. На патот за Долна Матка случена е сообраќајна незгода во која Љ.И. (28) од Скопје управувајќи „голф“со скопски регистерски ознаки излетал од патот. Во незгодата со тешка повреда се здобил совозачот С.Р. (40) од Скопје. Во Струмица на булеварот Ленинова случена е сообраќајна незгода во која А.Д. (28) од Струмица со возило удрил во пешакот В.В. (70) од Струмица, кој е задржан на лекување. На крстосницата од регионалниот пат Скопје-Тетово со локалниот пат за Чифлик,  „форд фиеста“ со тетовски регистерски ознаки управувано од К.С. (30) се судрило со камион „мерцедес“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од М.Р. (42) од Добарце. Во незгодата сопатникот од фордот се здобила со тешки повреди. На локалниот пат Македонска Каменица-с.Моштица, случена е сообраќајна незгода во која Б.Ц. (22) од Македонска Каменица, управувајќи „рено меган“ со регистерски ознаки од Македонска Каменица изгубил контрола над возилото, излетал од патот и паднал во провалија длабока околу четири метри. Во незгодата сопатничката од возилото С.Ѓ. (28) од Македонска Каменица, се здобила со тешки телесни повреди.