Број на текстови објавени денес: 46

Цукерберг: Лудост е да се каже дека Фејсбук помогнал во победата на Трамп

fb-mark-zucerberg1

Основачот на Фејсбук Марк Цукерберг денеска ги демантираше медиумските написи дека таа социјална мрежа придонела за растот на популарноста на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, јави Би-Би-Си.

На трибина за новите технологии во Калифорнија, Цукерберг рече дека Фејсбук не треба да се смета за одговорен за такво нешто.

– Идејата дека лажните вести на Фејсбук влијаеле на резултатот од изборите е многу луда идеја .Ако во тоа верувате, мислам дека не сте ја сфатиле пораката која симпатизерите на Трамп се обидоа да ја испратат на овие избори, истакна Цукерберг.

Според податоците, лажните приказни многу повеќе се споделувани на Фејсбук отколку делови од јавните дебати на кои учествуваше Трамп.