Број на текстови објавени денес: 0

Црна Гора ја доби 41 Влада

images608

Собранието на Црна Гора попладнево ја избра 41-та Влада, а на нејзино чело за првпат застанува Душко Марковиќ.

Владата и програмата кои Марковиќ ја понуди беше поддржана од 41 пратеник на ДПС, СД, БС и албанската коалиција „Албанци одлучно“.

Марковиќ не се изјаснуваше, односно не гласаше.

Министер за одбрана во Владата на Марковиќ е досегашниот министер за образование Предраг Бошковиќ.

Досегашниот помошник министер за економија Драгица Секулиќ застана на чело на овој ресор.

Министерството за финансии го доби главниот извршен директор на „Прва банка“, Дарко Радуновиќ.

Министерството за одржлив развој и туризам го презема Павле Радуловиќ, поранешен менаџер на главниот град Подгорица.

Нов министер за внатрешни работи е Мевлудин Нухоџиќ, функционер на ДПС.

Министерството за јавна управа го презема поранешната директорка на државната Комисија за јавни набавки Сузана Прибиловиќ. Ресорот наука го презема физичарката др Сања Дамјановиќ.

Министерството за надворешни работи го презеде поранешниот амбасадор во САД, Срѓан Дармановиќ, додека сегашниот главен преговарач со ЕУ, Александар Пејовиќ стана министер за европски работи.

Министер за спорт е поранешниот ватерполист Никола Јановиќ, а за култура поранешниот директор на ЦНП, Јанко Љумовиќ.

За потпретседатели на Владата се избрани Зоран Пажин кој е задолжен и за ресорот правда, како и Милутин Симовиќ кој е и министер за земјоделие.

Марија Вучиновиќ (ХГИ) останува министерка без портфељ.

Нов министер за образование е Дамир Шеховиќ (СД), министер за здравство е Кенан Храповиќ (СД).

Министерството за сообраќај го презеде Осман Нурковиќ (БС), а Кемал Пуришиќ (БС) Министерството за труд и социјални работи.

Вицепремиер за регионален развој е Рафет Хусовиќ (БС).

Министерството за човечки и малциснки права го презеде Мехмет Зенка, од коалицијата „Албанци одлучно”.