Број на текстови објавени денес: 86

Централниот регистар утре и во вторник ќе работи до полноќ

%d1%86%d0%b5%d0%bd%d1%82%d1%80%d0%bb3

Централниот регистар на Република Македонија информира дека регионалната регистрациона канцеларија во Скопје ќе работи со продолжено работно време утре и на 15 неомври (вторник), и тоа од 8:30 до 00:00 часот.

Причината е да се даде време за регистрација на учесниците во изборната кампања на вонредните парламентарни избори 2016 во функција на обезбедување на ЕДБ и трансакциска сметка за изборна кампања.

Промената е во врска со член 71 од Изборниот законик и точка VI.1 од Роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија 18 октомври – 11 декември 2016 година.