Број на текстови објавени денес: 65

Центар: Владата и Град Скопје итно да договорат мерки за намалување на загадувањето

andrej-plan-crkva-640x320

Општина Центар ги повикува Владата и Град Скопје да свикаат итна седница, за да се договорат и брзо реализираат мерки против енормното загадување.

„Во моментов, меѓу другото и заради изборната кампања, очигледно не се презема ништо во однос на ова горливо прашање. Ваквиот однос е недозволив, бидејќи здравјето на граѓаните е поважно од се’, а ситуацијата со загадувањето е неподнослива. Скопје и Тетово се повторно најзагадените градови во Европа. Ова треба да е врвен приоритет во моментов, одлагање не смее да има. Се надеваме дека градските власти и Владата ќе одвојат време и во најкус рок ќе свикаат итна вонредна седница“, велат од општина Центар.