Број на текстови објавени денес: 0

Цените на бензините и дизелот остануваат исти

goriva-fevruari

Малопродажните цени на бензините и на дизел горивата ќе останат непроменети и во наредните 14 дена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и натаму ќе се продава за 63,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 65,00 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) за 50,00 ден/лит, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 38,50 ден/лит.

За 0,513 денари поскапува само мазутот М-1 НС, и килограм ќе чини 24,591 денари.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 49,763 $/барел и е за 0,21% пониска од просечната цена на сурова нафта (49,867$/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 55,900 ден/$ и е за 0,852% повисок од курсот на доларот (55,4275 ден/$) по кој беа формирани цените.