Број на текстови објавени денес: 0

Цената на златото најниска за пет месеци

thinkstock

Цената на златото во петокот падна за три отсто од 1.219 американски долари за унца и го достигна најниското ниво во пет месеци.

Златото мината недела заблеска само во првите неколку минути по шокот од победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на американските претседателски избори, кога порасна пет отсто, по што следеше продажба.

Во петок цената падна на 1.219 УСД, а причина за таквото сценарио се очекувањата за заострување на монетарната политика на САД и раст на вредноста на доларот.

Американската централна банка, Федерални резерви(Фед) веројатно, првпат од декември мината година, кога и започна циклусот на заострување на монетарната политика, ќе ги зголеми каматните стапки, кои во моментот се движат меѓу 0,25 и 0,5 отсто.

Веројатноста каматните стапки во декември да пораснат, берзанските учесници ги проценуваат на 75 отсто.