Број на текстови објавени денес: 0

Хуманитарна акција на LIONS клубовите за унапредување на животна средина кај Велешко езеро

20161125100500

Утре со почеток во 10.30 часот ќе се реализира акција за чистење на пешачката патека и крајбрежјето на Велешкото езеро Младост од дива трева и отпадоци “Чиста околина”. Организатори на овој проект се Lions клуб Скопје Центар и Lions клуб Скопје Кале, а во соработка со Општина Велес и јавното претпријатие Дервен. На проектот со активно учество поддршка ќе дадат и Lions clubs international – Дистрикт 132 Македонија, Leo дистрикт Македонија, Lions клуб Велес, Еколошко друштво Вила Зора Велес, Раде Кончар ТЕП, Руле Турс, Агротехна, Конгрес Травел Сервис, Конгресен Сервисен Центар, Солопром, БАСМЕ консалтинг и тренинг, Хаусмајстор домување, Горска вода и Сава осигурување.

Целта на проектот е да се подобри проодноста на пешачката патека која се протега долж езерото, да се исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, но исто така и да се развие свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот.

Со реализација на овој проект, Lions клуб Скопје Центар и Lions клуб Скопје Кале, заедно со своите партнери сакаат да придонесат за унапредување на квалитетот на животната средина и природата, како и за намалување на загадувањето кое представува закана за човековото здравје.

Ваквата граѓанаска иницијатива само ја потврдува посветеноста на Lions-ите кон заедницата преку обезбедување на поздрава и побезбедна околина за живеење.

Lions Clubs International е иницијатива на граѓани која е посветена на идентификување на потребите на заедницата и општеството и која активно се обидува да ги исполни тие потреби.

Lions Clubs International е најголема светска организација со околу 1.3 милиони членови организирани во 45,000 клубови и 205 држави. Од 1917 година, Lions клубовите им помагаат на слепите лица и лицата со ослабен вед, но исто така имаат и цврста определба да служат и на заедницата и младите во светот. Повеќе информации за Lions Clubs International, можете да најдете на веб страната www.lionsclubs.org.

Со ова известување, се надеваме дека вие како медиум ќе ја информирате пошироката јавност за овој проект и ќе апелирате за поголема вклученост од сите граѓани, и на тој начин ќе дадете директна поддршка на оваа иницијатива.