Број на текстови објавени денес: 46

Хрватска стравува дека младите ќе и заминат од земјата

zagreb12

Трендот на иселување од Хрватска сè уште не е катастрофален, ако се спореди со другите држави по приклучувањето во Европската унија, но е загрижувачки.

– Кога ќе го видиме иселувањето од другите држави по приклучувањето во ЕУ, кога од тие држави како Полска и Романија се иселија повеќе милиони луѓе, тогаш хрватските бројки не се толку застрашувачки – оцени Драго Жупариќ-Илјиќ од Институтот за миграции и народности.