Број на текстови објавени денес: 10

Хрватска со даночни реформи ќе ги ослободи банките од лоши кредити

%d1%85%d1%80%d0%b2%d0%b0%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b0-2

Предложената даночна реформа во Хрватска донесува силен поттик на банките да отпишат милијарди евра ненаплатени кредити. Кон крајот на минатата година должниците престанаа да враќаат околу 46 милијарди куни (6,1 милијарди евра) кредити, од кои две третини се долгови на фирми, а една третина на граѓани.

Министерството за финансии на Хравтска најави дека во 2017 година ќе ја намали даночната обврска на банките ако ги отпишат кредитите кои на 31 декември 2015 година ги вклучиле во категорија „лоши“, односно „ненаплатливи“ кредити.

Европските надзорни органи сметаат дека кредитот е лош ако должникот повеќе од 90 дена не ги плати договорените рати.