Број на текстови објавени денес: 49

Холивудски актерки во „Пирели“ календарот 2017 ФОТО

nikol-k

Календарот на „Пирели“ за 2017 година е најавен како плач против теророт на совршенството. Страниците за следната година ги красат холивудските актерки.

Хелен Мирен, Кејт Винслет, Ума Турман, Никол Кидман, Џесика Чејстен, Пенелопе Круз, Лупита Нјонго, Шарлот Ремплинг, Руни Мара, Џулијан Мур, Алиша Викандер, Леа Сејду, Робин Рајт и Жан Зији се дамите кои позираа за најновото издание на култниот календар.

Актерките застанаа пред објективот на фотографот Питер Линдберг, кој реши „Пирели“ календарот 2017 да се изведе без фотошопирање.

„Целта на календарот е да ја прикаже вистинската жена. Не растегнати и манипулирани, испразнети жени што ги гледаме денес во списанијата“, изјавил Линдберг.

Фотографот, календарот за следната година го нарекол „изјава“ заради изоставање на фотошопот и открил дека намерно одлучил да фотографира актерки кои се појавиле во реклами за убавина.

„Знаете како изгледаат овие жени фотошопирани. Помоќно е кога ќе видите колку се тие нормални“, додал Линдберг.

Говорејќи на прес конференција за „Пирели“ календарот, Ума Турман истакнала дека ова е мисија на Линдберг за ослободување на жените од угнетувачки и лажни стандарди. Актерката додала дека фотографиите испраќаат важна порака до помладата генерација и дека сака нејзините деца да го видат стареењето на својата мајка и да видат дека таа е своја.

ФОТО: PIRELLI, PETER LINDBERGH