Број на текстови објавени денес: 0

Хилари Клинтон ја расплака Кејти Пери

hilari-kejti

Пејачката Кејти Пери (32) е добитничка на хуманитарната награда „Одри Хепберн“ на овогодинашниот Балот на снегулки на УНИЦЕФ во Њујорк. На амбасадорката на добра волја, наградата ѝ ја врачила политичарката Хилари Клинтон (69), на која ова ѝ е второ појавување во јавноста по поразот на претседателските избори од контроверзниот милијардер Доналд Трамп (70).

– Ја познавам Кејти и знам колку ѝ е битно овој свет да го направи подобар. Шампиони како Кејти сега ни требаат повеќе од кога и да е – рекла Хилари и ја трогнала пејачката до солзи.

Влезниците за гала вечерата се продавале по цена од 2.500 долари.

Кејти Пери беше една од најгласните поддржувачи на Хилари Клинтон во нејзината кампања за претседател на САД.