Број на текстови објавени денес: 0

Хилари Клинтон ден по губењето на изборите во прошетка со своите кучиња

usa-clinton-planina-posle-izbori

Млада мајка разочарана поради тоа што Хилари Клинтон не стана претседател на САД пријатно се изненадила кога вчера налетала на поранешната државна секретарка на САД, која пешачела по планината со нејзините кучиња.

– Се почувствував многу разочарана по изборите и одлучив дека е најдобро да се релаксирам планинарејќи со моето девојче – напишала Маргот Герстер на својот пост на Фејсбук каде ставила фотографија на која е сликана со поранешната прва дама.

Гестер напишала дека средбата се случила на нејзиното омилено место Чапакуа во државата Њујорк, каде Клинтонови живеат.

„Сѐ што сакав да направам беше да ја прегрнам“, изјавила Гестер за NBC News.

„Таа изгледаше прекрасно. Мирно шеташе со нејзините кучиња“, додавајќи дека Бил Клинтон бил тој што ги фотографирал.

Гестер напишала на својот Фејсбук пост дека ѝ рекла на Хилари Клинтон „дека еден од моите најгорди моменти како мајка“ е што ја однела својата ќерка со неа на гласачкото место и гласала за неа.

– Таа ме прегрна и ми се заблагодари и ние разменивме неколку шеги, а потоа ги оставив двајцата да ја продолжат нивната прошетка – напишала младата мајка на постот.