Број на текстови објавени денес: 62

Хелсиншки комитет: МВР и ОЈО да излезат со точни информации за случајот Асановски

helsinski_komitet8

Семејството на Седад Асановски кој загина во нејасни околности и беше оставен да лежи на патот додека автобусот продолжил да стигне на митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид се уште не се обратило за помош до Хелсиншкиот комитет.

Неда Чаловска од Хелсиншкиот комитет за човекови права за 24 Вестиизјави дека е шокантно тоа што додека сегазагинатиот останал да лежи на патот, автобусот продолжил за Охрид.

– Ние преку медиумите дознавме за несреќата, поточно од вашиот прилог и од реакциите на социјалните мрежи. Во овој случај отсуствува онаа хумана димензија. Ние бевме шокирани кога видовме дека лицето било оставено да лежи на патот, а автобусот продолжил кон Охрид. Тоа не не изнеадува, бидејќи сме сведоци дека политичките интереси се над човечките. Изненадени сме зошто не останале на местото на настанот да ја почекаат полицијата – вели Чаловска.

Таа додава дека врз основа на изјавите на семејството, може да се заклучи што се случило, но нема официјални информации.

– Со оглед дека случајот добива голема медиумска покриеност и веќе има реакции на социјалните мрежи дека треба МВР и ОЈО да излезат со точни информации за случајот. Семејството може да се обрати до нас, доколку сметаат дека треба да им се обезбеди помош. Сакаме да видиме МВР да излезе со соопштение во кое ќе се наведе дали му била обезбеден здравствена заштита, лицето починало на лице место, Јавното обвинителство кои мерки ги има превземено освен обдукцијата, дали има договор меѓу организаторот и лицето. Граѓаните со оглед на сите ситуации кои се случиле и во кои немало правна и морална одговорност од јавни функционери, се сомневаат во секој нов случај, кога отсуствува реакција од надлежните. Семејството за смртта дознало по неколку дена – вели Чаловска.