Број на текстови објавени денес: 0

Хан денеска ќе испорача уште една условена препорака

%d1%85%d0%b0%d0%bd13

Европската комисија денеска треба да ги објави годишните извештаи за напредокот на земјите кандидати за членство во Европската унија. Македонија, како и во претходните седум извештаи очекува нова препорака за отворање на преговорите за членство во ЕУ. Таа, според најавите, ќе биде условена како и во минатата година. Условена ќе се однесува на целосна примена на договорот од Пржино, фер и демократски избори и примена на Итните реформски приоритети од. извештајот на групата експерти предводена од Рајнхард Прибе.

Во овогодишниот извештај повторно ќе му се даде поддршка на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Може да се очекува дека Брисел ќе им даде поддршка на барањата на СЈО за продолжување на мандатот за поднесување на обвиненија и за законот за заштита на сведоци.

Минатата година Комисијата вети дека ќе се наврати на препораката по изборите, па се очекува дека на почетокот на 2017 година ќе има нов извештај за Македонија. Според неофицијалните информации новиот извештај за напредокот ќе биде во пролетта 2018 година.
Македонија, е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година. Еврокомесарот Јоханес Хан, денеска најпрвин извештаите ќе ги претстави пред Еврокомисијата, а потоа и официјално ќе ги претстави пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Неговата прескоференција е најавена за во 13.30 часот.