Број на текстови објавени денес: 46

ФФМ избира најдобри во пет категории

ffm1

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги номинираше кандидати кои ќе учествуваат во изборот за најдобри фудбалери за сезоната 2015/16.

ФФМ номинираше играчи во пет категории. Гласањето ќе се одвива преку официјалната интернет на ФФМ и ќе трае до 5 декември.

Ќе се гласа во следниве пет категории:

Најдобар фудбалер од македонското првенство:
– Бесарт Ибраими (Шкендија),
– Бобан Грнчаров (Вардар),
– Стефан Спировски (Вардар).

Најдобра фудбалерка во македонската ПЖФЛ:
– Улза Максути (ЖФК АС Јунајтед),
– Теодора Димовска (ЖФК Драгон 2014),
– Анета Георгиева (ЖФК Кочани).

Најдобар тренер во младинска категорија:
– Сашо Тодоровски (Вардар – пионери),
– Југослав Тренчовски (Академија Пандев – младинци),
– Берат Имери (Шкендија – кадети).

Најдобар фудбалер во младински фудбал:
– Елиф Елмаз (Работнички),
– Јани Атанасов (Академија Пандев),
– Есмин Личина (Вардар).

Најдобар футсал играч:
– Даниел Де Соуза,
– Игор Леовски,
– Александар Глигоров.

Манифестацијата на прогласувањето на најдобрите ќе се одржи на 15 декември.