Број на текстови објавени денес: 49

Французин открил 100 кг злато во наследена куќа

zlato6

Французин кој наследил голема куќа од свој роднина, открил во неа 100 килограми злато, сокриенм во днмто на стар мебел. Златото вредело вредно 3,5 милиони евра.

Човекот, чиј идентитет не е откриен, открил вкупно пет илјади парчиња злато, во монети, калапи и прачки. Скриеното богатство било најдено во куќа во Нормандија, во мебел што новиот сопственик се подготвувал да го продаде или да го фрли.
Медиумите кои пишуваат за случајот, објаснуваат дека златото било легално набавено и потекнува од педесетите и шеесетите години на 20 век, но засега не се знае зашто било сокриено и оставено, цели шест децении.
Еден локален аукционер, кој пронаоѓачот на златото го повикал претходно за да го процени мебелот што требало да биде однесен од куќата и продаден, изјавил за медиумите дека богатството било „исклучително добро сокриено“.

Локалните медиуми пренесуваат дека данокот за златото е 45 отсто.