Број на текстови објавени денес: 0

Фотограф ја обиколува планетата и ги фотографира народите пред да исчезнат

fotograf2

Фотографот Џими Нелсон веќе неколку години патува низ светот и оди на најскриени места, за подобро да ги запознае заборавените народи и племиња, кои со години живеат без комуникации со модерното општество.
Фасцинантните фотографии прикажуваат различни култури и обичаи, народи кои пленат со својата автентичност, а заборавениот дух на древните племиња е оживеан благодарение на објективот на Нелсон. Фотографиите настанати во проектот “Before the part II”, прикажуваат народи кои живеат одвоено од современата цивилизација. Токму благодарение на тоа што се одвоени од цивилизацијата, тие мали народи успеале да ја сочуваат својата култура.

Папуа, индонезиска провинција

Народот наречен Јали од 60-тите и 70-тите години немал контакт со модерниот свет, кога на тоа подрачје имало мисионери.

 

Фотографирано во Чад во Африка за време на Фестивалот на љубовта

Еднаш годишно луѓето од етничката групација Водабе се собираат на централната рамнина во државата Чад, за да танцуваат, флертуваат и да пеат во чест на своето културно наследство.

 

Патагонија, Аргентина

Гаучосите минуваат денови грижејќи се за стадата. Живеат номадски и малку време минуваат дома.

 

Русија

Народот Ненци се номади кои се селат секој ден и претежно живеат во Русија во два автономни округа, Ненеција и Јамалија.

 

Индија

Народот Ладак живее на високите Хималаи во северните индиски држави Џаму и Кашмир. Тие се будисти и во главно се занимаваат со земјоделство.

 

Нов Зеланд

Маорите, во превод “нормален” или “човек кој се разликува од бог”, е домороден народ кој на Нов Зеланд пристигнал од Источна Полинезија.

 

Индија

Дрокпа луѓето се автентични потомци на ариевците кои останале во Индија. Една од теориите е дека Дрокпа луѓето биле група војници од војската на Александар, која се изгубила на патот кон Грција, откако го победила индискиот крал Порус.