Број на текстови објавени денес: 0

Форум на слободоумни патриоти до Груевски: Вмроавците не се веќе со вас!

%d1%84%d0%be%d1%80%d1%83%d0%bc-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%bb%d0%be%d0%b1%d0%be%d0%b4%d0%be%d1%83%d0%bc%d0%bd%d0%b8

Форумот на слободоумни патриоти ги повикува симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ да продолжат да го бојкотираат раководството на партијата.

Како што се наведува во соопштението, Форумот е задоволен што по пет дена кампања симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ продолжиле да го бојкотираат актуелното раководство на партијата.

„Бојкотот беше реалност во Охрид, Ресен, Струга, Неготино, Кавадарци, Аеродром, Карпош, Валандово, Гевгелија, секаде каде што ќе се појават функционери од актуелното раководство. Може да ја злоупотрбувате администрацијата или да ги злоупотребувате Ромите и големиот „вмровец” Амди Бајрам, но тоа нема да го скрие фактот дека вмровците не се повеќе со вас, дека сте оставени сами на себе.
Ако сеуште не ви е јасно зошто ве бојкотираме, само сетете се во не така далечното минато и сетете се што се им правевте на вистинските вмровци, сетете се само колку пати ги лажевте и после секои избори како им вртевте грб, како систематски ги заменувавте со луѓе со сомнителна идеологија. Сетете се како тоа Стевче Јакимовски, Панчо Минов и слични отпадоци на нив преку ноќ станаа “вмровци” и ги уживаа сите бенифити додека вмровците мизеруваа. Сетете се и на смешната коалиција со Сојузот на Титови леви сили и лустрираниот кодош Угриновски, менување на партиските бои со боите на Сојузот на Титови леви сили. Вмровците не забораваат и дека додека ние мизеруваме вие на листи ставате луѓе кои преку ноќ благодарени на четирите свети букви се збогатија, луѓе кои се осомничени за тешки кривични дела. Не ви ја забораваме и тендер коалицијата со терористите и гласањето за амнестија на злосторства против човештвото, за тоа како на терористите им дадовте се, додека бранителите живеат во беда и прогон. Не ви забораваме и многу други работи.
Бојкотот ви е реалност! Бојкотот продолжува“, се вели во соопштението..